Апликации

Апликацијата Мој Воздух со нов дизајн за Балканот

Напишано од Mr. N

Македонската апликација „Мој воздух“ доби нова верзија. Преку неа, изминативе 5 години над 100 000 корисници се информираа за квалитетот на воздухот.

Обновената платформа ќе им помогне на корисниците подобро да го разберат загадувањето, а новата маскота Воздушко ќе ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух.

Горјан Јовановски, основачот на Мој Воздух, вели дека од годинава апликацијата ќе се шири и низ Балканот, почнувајќи со Косово.

Тој се надева дека со ова им испраќа порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не се обезбеди чист воздух.

За авторот

Mr. N