Технологија

Apple додава нова интересна функција за своите корисници

Напишано од Mr. N

Компанијата Apple додаде нова карактеристика на „Сири“ во однос на пандемијата на Корона вирусот (СОВИД-19).

Сири сега може да обезбеди информација поврзана со СОВИД-19 за корисниците на iPhone, iPad и Mac Book во САД, при што виртуелниот асистент нуди прашалник – развиен заедно со Центарот за контрола на болести и Службата за јавно здравје на САД доколку некој праша, „ Дали имам корона вирус? “.

Сири ќе може да им помогне на корисниците да ги идентификуваат нивните симптоми, а потоа да ги упати до соодветните органи, доколку тоа е потребно. 

Новата функција се појави откако Apple објави дека ќе донира 1 милион хируршки маски на различни здравствени работници во САД и во Европа. 

За авторот

Mr. N