Технологија

Apple ја менува политиката на работа… Отсега ќе има нови модели два пати годишно

Напишано од Mr. M

Досега Apple воведуваше нови модели на iPhone еднаш годишно, но тоа наскоро би можело да се промени. Во извештајот на JPMorgan се наведува дека гигантот со седиште во Купертино наскоро би можел да го зголеми бројот на нови модели на годишно ниво од три на четири и нивното лансирање да го одржи како два посебни настани.

Ова би можело да стане постојана практика која би била воведена во првата половина на 2021 година. Познавачите на можностите велат дека ова ќе го стави Apple во подобра позиција од ривалите, како и ќе му овозможи да реагира побрзо и соодветно на дизајнерските трендови утврдени со конкуренцијата.

За авторот

Mr. M