Најново

Apple ќе ги претстави најновите модели на iPhone на 13 октомври

Напишано од The Gentleman

Наредната недела конечно ќе бидат претставени на јавноста најновата генерација на iPhone.

Настанот ќе се одржи на 13-ти октомври, идниот вторник, со почеток во 19:00 часот според македонско време. Со оглед на тоа што настанот ќе биде само онлајн, од познати причини, секако ќе биде достапен да се гледа во живо.

Според последните информации кои кружат низ светот,  Apple ќе претстави четири iPhone 12 модели.

  • iPhone 12 mini со 5,4 инчен екран
  • iPhone 12 со 6,1 инчен екран
  • iPhone 12 Pro со 6,1 инчен екран
  • iPhone 12 Pro Max со 6,7 инчен екран

 

За авторот

The Gentleman