Најново

Apple мора да плати 113 милиони долари казна

Напишано од The Gentleman

Ви текнува на големата афера на Епл кој тенденционзо ги забавуваше старите модели на iPhone моделите? Вчера излезе одлуката во јавноста со кој се казнува Епл да плати казна од 113 милиони долари за забавување на старите модели.

Наместо да го открие проблемот или да ги замени батериите на своите корисници, во декември 2016 година, Епл започна софтверско ажурирање што влијаеше на перформансите на постарите модели на iPhone. Многумина веруваа дека Епл на овој начин се обидува да ги охрабри корисниците да купуваат нови „Ајфони“.

Во тоа време, откако корисниците на постари Ајфони телефони откриле проблем на уредите, компанијата јавно се извини за своите постапки и ја намали цената на заменетите батерии од 79 на 29 долари.

За авторот

The Gentleman