Технологија

Apple обвинет за кражба на технологија!

Напишано од Mr. M

Компанијата со потекло од Израел Corephotonics, поднесе тужба против гигантот Apple пред американскиот суд поради кражба на патентирана технологија. Истата оваа компанија ја тужеше Apple и пред две години поради неовластено користење на патентирана технологија за дуал камерите и опцијата за зумирање на моделите iPhone 7 Plus и iPhone 8.

Тужбата е поднесена во судот во Северна Калифорнија и израелската компанија бара од Apple да прекине да ја користи оваа технологија и да исплати оштетата.

Во овој предмет станува збор за патенти кои се поднесени до американските власти во период од 2013 до 2016 година. Компанијата Corephotonics изјави дека доказите за неовластено користење на нивната технологија од страна на Apple ги добиле едноставно преку отворање на еден iPhone 7 Plus уред.

За авторот

Mr. M