Технологија

Apple сеуште доминира на пазарот!

Напишано од Mr. M

Според последните информации кои што ги видовме одбјавени од страна на Device Atlas, како најпопуларен телефон за втората половина на 2019 година е iPhone 7. Тоа е само доволен доказ дека сеуште на пазарот е доминантна компанијата Apple.

Во Велика Британија, моделите iphone имаат удел на пазарот од 9,6%, во Франција 6,66%, Шпанија 4,69%, Италија 4,83%, Холандија 7,66%, Португалија 5%, Романија 4,19%, Русија 6,76%, Турција 5,58 % и така натаму. Во некои земји, како Мексико, iPhone 7 и 7 Плус завршија на прво и второ место, соодветно.

Сето ова укажува дека моделот iPhone 7 на Apple во моментов е најпопуларен смартфон во светот, но тоа би можело да се промени бидејќи овој модел најверојатно ќе ја изгуби поддршката за iOS во следните 2 години, така што нејзините сопственици сигурно ќе се префрлат на понов модел.

За авторот

Mr. M