Кариера Настани

Арсим Папранику – Менаџер на Годината за 2019 во Македонија

Напишано од Mr. M

Во средата на 27 ноември во хотел DoubleTree by Hilton се одржа вториот по ред избор на Мажи на Годината во Македонија за 2019 година. На свечената гала вечер која што ја организиравме, беа наградени најуспешните мажи во 13 категории. Една од категориите беше Менаџер на Годината за 2019.

Награда направена за сите менаџери на компании, институции, или пак владини преставници кои навистина умешно го градат имиџот за себе и за институцијата или компанијата која ја преставуваат Оваа награда признава лидер во секоја смисла на зборот. Оној кој инспирира, оној чија извонредна визија ја подигнува компанијата на сосема ново ниво на успех – било да е тоа зголемување на продажбата, освојување на нови пазари или имплементација на иновативни идеи – неговите резултати се навистина исклучителни.

Добитник на оваа награда беше г-динот Арсим Папранику, сопственик на Skopje East Gate, Нептун Македонија, Сервис Македонија и NEP Loyality.

Оваа манифестација, беше поддржана од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико, Анабела пафимерии, Shell, Dior, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, модниот бренд Gabbiacci, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.

За авторот

Mr. M