Економија Креатива

Ауди со нова реклама која го победи пазарот

Напишано од Nikola

Низ социјалните мрежи, во последниве денови кружи видео каде главната улога ја имаат татко и син. Овој маркетиншки и ефектен трик му помогна на персоналот на Ауди да се пресмета со неговиот најголем конкурент Мерцедес. Во оваа реклама, таткото пробува да го научи синот на неговиот прв збор кој не претставува тато, туку автомобил, асоцирајќи го на брендот Мерцедес.

Таткото на различни начини сакал да го натера својот син да го каже зборот автомобил, но никако неможел да успее во тоа, се додека на улицата не се појавил новиот Ауди А6 Авант, каде што синот како од топ го кажал зборот автомобил.

Уживајте во видеото!

За авторот

Nikola