Автомобили

Audi SQ8 – најмоќниот SUV автомобил со V8 дизел мотор

Напишано од Mr. N

Audi конечно го претстави големиот SQ8, SUV автомибил кој добива 4-литарски турбодизел.

Германскиот производител со новиот SUV сака да докаже дека хибридната технологија може да го продолжи векот на користење на возила на фосилни горива.

Во конкретниот случај , станува збор за најсилната можна машина со 4.0 V8 мотор , кој дава 435 Кс и има 900 Нм . Audi SQ8 до 100км/час може да стигне за 4,8 секунди , иако е џин од 2,4 тони тежина.

Импресивен е и ентериерот со табла за инфотеинмент , посебно дизајнирани седишта , персонализирана клима … Audi SQ8 стигнува во салоните до крајот на годинава  по цена од околу 100 000 евра .

Се предвидува Ауди да направи и бензинска верзија на овој СУВ , но само за американскиот пазар.

За авторот

Mr. N