Омилени места

Автентични италијански вкусови во центарот на Скопје

Напишано од The Gentleman

Во срцето на градот, на улицата Максим Горки, започнува една уникатна кулинарска приказна. Сите вкусови на Италија на едно место – Боттега дел Густо (итал.) или во превод: “Продавница на вкусови” е новото место каде што може да се најдат автентични италијански производи: пршута, салами, моцарела ди буфала, буратта и многу други. Основачите на Боттега дел Густо објаснуваат дека нивната цел да се понуди нешто различно и автентично од сите региони на Италија кои изобилуваат со разновидни производи, секој уникатен на свој начин.

На отварањето присуствуваше и Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри кој изрази задоволство што ќе се овозможи вистинските италијански производи да бидат достапни за сите граѓани во Македонија. Воедно се придонесува кон ширење на италијанската храна и култура, а со тоа и зацврстување на пријателството помеѓу Македонија и Италија.

Безбројните комбинации на сувомеснати производи со сирења гарантираат вистинско уживање со секој залак, а од Боттега дел Густо порачуваат дека асортиманот ќе се проширува постојано со врвни производи.

За авторот

The Gentleman