Мода Музика

Bad Bunny e опседнат со розевата мода

Напишано од Пјер

Латинската музичка атракција Bad Bunny има откачен и креативен смарт кежуал стил. Во неговото последно гостување The Tonight Show, тој повторно беше облечен во неговата омилена розева боја. Поточно некој вид на розева бомберка, додатоци согласно смарт кежуал стилот и маичка со Supreme лого, нешто препознатливо за сите музички ѕвезди на планетава. За зелените Crocs немаме многу што дадодеме, очигледно тие го истакнуваат неговиот откачен карактер и смисла за хумор.

Bad Bunny ја користи розевата боја и како подршка кон LGBT заедницата, и при неговиот перформанс “Ignorantes”, повторно во розев стил и со црна сукња под капутот, Bunny истакна и маичка со порака “Mataron a Alexa, no a un hombre con falda,” или на англиски: “They killed Alexa, not a man in a skirt,” порака поврзана со транџендер убиство во Puerto Rico истата недела.

Браво за талентираниот музичар, за неговата подршка кон LGBT и секако за неговиот розев стил.

За авторот

Пјер