Стил

Бејновка – број еден јакна за оваа есен

Напишано од Mr. N

Ако сакате јакна која целосно ќе го смени вашиот стил и истовремено заштити од ладното време, тогаш следново парче облека е вашиот вистински избор.

Есента е време кога мора да ги замениме нашите облеки во гардероберот со нови, потопли парчиња и едно од тие главни парчиња претставува јакната.

Оваа кожна јакна е опремена со топли волнени материјали кои ја одржуваат температурата на телото константно и не дозволуваат никакви последици. Кожата ве штити од дожд, а големата јака ви дава можност целосно да се наведнете и скриете во непотребни ситуации.

Она што особено нè изненади беше ретро изгледот, кој имаат “steampunk“ дизајн, што совршено ќе се поклопи со длабоките чизми или кожни чевли, така што можете да ја носите оваа јакна во која и да е прилика, бидејќи ќе изгледате одлично.

Проверете ја галеријата ако сакате да видите како изгледа овој вид на јакна, а ако ви се допаѓа, тогаш побарајте го во продавниците затоа што е многу популарно и сигурни сме дека ќе можете да пронајдете модел кој ви одговара на секаков начин.

За авторот

Mr. N