Бизнис совети

Бил Гејтс: Мора да се жртвувате додека стоите на нозе

Напишано од Mr. M

Бил Гејтс е човек кој работел и за викенди и никогаш не отишол на одмор додека бил во неговите 20-ти години, односно на почеток со својата компанија Мајкрософт. Тоа е дел од жртвувањето кое што морате да го поминете за вашата компанија да биде успешна.

Навистина кога бев во 20-тите години, не верував во викендите и не верував во одморите

Бил Гејтс, цврсто стои на тоа дека треба да се држите до работата во 20-тите години и да не отстапувате ни малку од неа.

Треба да ги жртвувате тие рани години додека сте млади со цел да можете да го забавите темпото како што стареете.

Бил Гејтс верува дека има доста луѓе кои што понекогаш самите си прават слика во главата дека имаат напорна работа, па често заминуваат на незаслужен одмор. Според него, треба да бидеме реални и да дадеме се од себе додека сме млади.

 

За авторот

Mr. M