Филмови

Bird Box Challenge – нов опасен тренд кој го зарази светот

Напишано од Nikola

Моментално, еден од најактуелните филмови во светот Bird Box, стана број еден хит кај младите. Една од главните работи за овој филм претставува Bird Box предизвикот кој започна да се шири низ светот како вирус, каде што луѓето прават секојдневни работи со врзани очи, загрозувајќи ги своите животи.

Минатата година ја одбележаа голем број на предизвици, но оваа година ќе биде се повеќе и повеќе спектакуларна, благодарение на овој опасен предизвик. Поголемиот дел од светот, како и некои познати личности, ставаат превези на своите очи и пробуваат да прават несекојдневни работи кои може да го загрозат нивниот живот.

За многу кратко време, овој филм ја доживеа својата слава, додека предизвикот на почетокот беше безопасен, се додека луѓето не започнаа да прават работи кои лошо би влијаеле на животот, како на пример возење кола со врзани очи, пешачење на улица и многу други опасни работи.

Погледнете како изгледа Bird Box Challenge

За авторот

Nikola