Селебрити Спорт

Богаташ со големо срце – Леброн Џејмс

Напишано од Nikola

Откако Леброн Џејмс стапна на кошаркарските терени, сите претпоставивме дека оваа ѕвезда е создадена за големи дела. Веќе на возраст од дваесет години “детето од Акрон”, како што самиот се нарекува, создаде завидно спортско наследство. Најголемиот производител на спорстка опрема успеа да оствари победа во поглед на спонзорството така што потпиша договор со Леброн на 18 годишна возраст. 

Помеѓу првиот профитабилен договор и последниот, кој го потпиша ова лето со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн стана успешен бизнисмен кој заработи голема сума на пари. За разлика од многумина кои се од негов ранк, тој е исклучително дарежлив. Доказ за ова претставува фактот што минатиот месец, тој отвори државно училиште за деца со послаб имотен статус во неговиот роден град, кој е познат како еден од најсиромашните во САД. Џејмс ова училиште го претстави како “еден од најголемите моменти во неговиот живот”.

View this post on Instagram

@ipromiseschool 🙏🏾 #WeAreFamily #MoreThanAnAthlete

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Шести најплатен играч во НБА лигата

Само од НБА тимовите, Џејмс има заработено 233,9 милион долари, што го става на шестата позиција на најплатени кошаркари во историја. Се очекува оваа бројка да надмине 300 милиони долари, бидејќи ова лето потпиша профитабилен договор со Лејкерс, со тежина од 153,3 милиони долари.

Најголема заработувачка надвор од терените

Во просек, кралот заработува околу 40 милиони долари годишно од клубот, со дополнителни 55 милиони од спонзорство. Ова во бројки потврдува дека неговата годишна плата надминува 100 милиони долари. Според Форбс, Леброн има најсилно спонзорско портфолио помеѓу НБА играчите.

Лично богатство

Благодарение на големите договори за спонзорство и заработувачка во текот на неговата професионална кошаркарска кариера, новата “23 во градот на Ангелите” изгради големо богатство. Се проценува дека неговото лично богатство изнесува 440 милиони долари. Со новите договори кои ги има потпишано, се очекува неговото финансиско царство да оди само нагоре и нагоре.

За авторот

Nikola