Кариера Селебрити

Богатството на Мајкл Џордан и неговите потрошувачки навики

Напишано од Mr. M

Колкаво ли е богатството на Мајкл Џордан? Тој денеска има богатство поголемо и од најпознатите светски спортисти, а замислете во пензија е веќе подолго време. Според последните информации кои што можевме да ги видиме, тој се проценува на 1,9 милијарди долари. Она што е интересно е што многу мал дел од неговото богатство е од неговата кошаркарска кариера.

Тој сеуште важи за еден од најпознатите спортисти на сите времиња, а денеска е еден успешен бизнисмен кој што води повеќе бизниси и врти неверојатно големи пари. Сепак, тој од кошарката заработил само 90 милиони долари.

Сите знаеме за неговито договор со Најк кој му носи на Џордан 100 милиони долари годишно. Да тој има соработка со оваа компанија за најпознатите патики Џорданки кои годишно прават до 3 милијарди долари.

Џордан е споственик на кошаркарскиот клуб Charlotte Hornets кој моментално вреди околу една милијарда долари, а Џордан поседува 90 % од клубот. Уште една работа која што можеби не сте ја знаеле за него е дека тој има линија на ресторани низ цела Америка и го има правото за продажба на Нисан автомобилите во Северна Каролина.

На што троши најмногу тој?

Како и многу познати милионери, така и тој инвестира многу во недвижности. Тој има енормно голема куќа на Флорида, има лускузен имот во Шарлот и легендарната негова куќа во Чикаго која е изградена од нула само за него.

Освен недвижностите тој има свој приватен авион, огромна јахта, а голем обожавател е и на автомобили. Дел од неговиот возен парк има Aston Martin DB9 Volante, Cadillac XLR, Mercedes-Benz SLR McLaren 722 Edition, Porsche 911, Range Rover, Ferrari 599 GTB Fiorano.

Важи за вистински филантроп кој помага и донира на различни начини. Љубител е на голфот, па да се задоволи, си изградил свој терен каде што ќе може да ужива во слободното време.

Иако важи за пример за спортист, тој не ги крие неговите пороци. Сака да се коцка и познат е по тоа што потрошил голема сума на пари во тоа.

Како најголемо уживање за него се пурите, па уште во неговата кариера како кошаркар, често можевме да го видиме Џордан со пура во рака.

За авторот

Mr. M