Спорт

Борусиjа Дортмунд го отстапи стадиoнот за потребите за лечење на заразените од корона

Напишано од Mr. M

Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд објави денеска дека го става на располагање својот стадион за третман на лица заразени со коронавирус. “Стадионот е симбол на нашиот град и е точка на референца за скоро сите во и околу Дортмунд. Благодарение на неговиот технички, инфраструктурен и просторен квалитет, тој е идеална локација за активно помагање на луѓето кои се заразени со коронавирус или се борат со слични симптоми на болести, како што се проблеми со дишење и треска. Наша обврска и желба е да сториме сè што е во наша моќ да им обезбедиме помош на овие лица “, рече извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Центарот под северната трибина ќе започне со работа утре, и ќе биде исклучиво за лица осомничени дека страдаат од СОВИД-19 или поврзани случаи што не се лекуваат во болницата. Шампионатот во Бундеслигата е прекинат од средината на март и ќе трае најмалку до 30 април.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. M