Кариера Настани

Божидар Јанковски – Маж на Годината во избор на организаторите

Напишано од Mr. M

Ова е уште една награда која за прв пат се доделува оваа година на изборот на Мажи на Годината 2019 кој што се одржа во хотел DoubleTree by Hilton на 27 ноември. Оваа награда ја доделува тимот на Friday.mk како организатори и како прв онлајн магазин за мажи во Македонија кои неуморно работат на поттикнување на машката култура во Македонија.

Според многумина овој човек со својата маркантна појава претставува пример како треба да изгледа еден џентлмен. Урбан лик, бизнисмен, претставник на американска компанија, човек кој секогаш изгледа одлично.

Маж на годината во избор на организаторите е генералниот директор на Дајнерс Клуб Македонија г-дин Божидар Јанковски.

Оваа манифестација, беше поддржана од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико, Анабела пафимерии, Shell, Dior, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, модниот бренд Gabbiacci, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.

За авторот

Mr. M