Спорт

Бразил повторно е првак на Јужна Америка

Напишано од Mr. N

Бразил го совлада Перу со 3-1 во финалето на Копа Америка за деветти трофеј во историјата.

„Кариоките“ се искачија на тронот на Јужна Америка за прв пат по 2007 година и максимално го искористија домашниот терен.

Бразил поведе со голот на Евертон во 15. минута, а Перуанците успеаја да израмнат откако Силва играше со рака во шеснаесетникот, а Гереро реализираше пенал во 44. минута.

Но, тоа не беше последното возбудување во првиот дел, бидејќи Габриел Жезус во продолжението успеа да ја казни грешката на противничката одбрана и повторно го доведе Бразил во водство, овој пат од 2:1.

Голгетерот на Манчестер Сити не го дочека крајот на натпреварот, бидејќи заработи втор жолт картон во 70-тата минута. Бразил ја осигура победата во 88-та минута од пенал преку Ричарлисон.

За авторот

Mr. N