Омилени места

BREADWAY е успешна приказна која е синтеза на повеќе култури и кујни во една

Напишано од Mr. M

Постои едно мало место во центарот на градот кое речиси цела година е омилено на скопјани. BREADWAY е успешна приказна која е синтеза на повеќе култури и кујни во една. Од самиот старт покажаа дека не се само една обична пекара и дека можете да јадете нешто несекојдневно, а во исто време многу вкусно. Ако предходно Ви беше потребна авионска карта за да вкусите италијански тарт, баварски перек или француски кроасан, сега тоа ви е достапно на плоштадот во Скопје.

Самиот концепт ја прави BREADWAY единствена. Во самиот локал постои gift corner каде што можете да изберете сладок подарок за Вашата сакана личност. На ваков вкусен подарок симатично спакуван со прикачена преслатка порака ретко кој може да остане рамнодушен без разлика за кој повод станува збор.

Кога сме веќе кај локалот, не се случило некој да помине покрај излогот и да одолее на превкусните CroNuts крофни, кои пак се без конкуренција најпостираниот производ на социјалните мрежи минатата година. Тие се омилен десерт за сите генерации и верна придружба на сите оние кои решиле да направат прошетка низ плошдатдот. Многу е тешко да изберете само една кога имате избор помеѓу киндер буено, орео, јагода и шампањ, чизкејк, старата добра нутела и уште многу многу други. Нешто што мора да пробате се сендвичите со превкусно багел лепче кои се добро познати за сите кои за време на пауза од работа го бираат својот оброк.

Сендвич со пршута, сендвич со тиквица, интергрален сендвич со мисиркино месо, сендвич со домашно малиџано или италијански сендвич со песто. Што и да изберете нема да погрешите. Сезоната која што следи веројатно била инспирација за тимот на BREADWAY па кога ќе го посетите локалот може да уживате во звуците на Frank Sinatra и Dean Martin. Вистинско телепортирање на 5th Avenue во New York City. Традиционалните американски cookies се тука да го надополнат уживањето и да се вклопат идеално во целата таа празнична атмосфера. Имаат некоја магична тајна состојка во cookies колачињата која, да бидеме искрени и после три изедени пакетчиња не успеавме да ја откриеме. А еден од изненадувачки најпопуларните производи периодов се познатите gingerbread cookies кои се направени од мед путер и цимет за буквално да се топат во уста.

Новитет кој долго, вмимателно и со многу љубов се спремаше во кујната на BREADWAY е тартот со крем од фстак кој е вистинско врвно гастрономско уживање. Ако за вкусови се дискутира, за вкусот на овој тарт сите едногласно ќе се сложиме уште на првото гризнување.

На нас ни останува топло да Ви препорачаме за време на овој студен Декември да се почастите себе и најблиските со полна кутија слатки задоволства од BREADWAY. За време на убавите празници кои следат екипата на BREADWAY неуморно ќе работи и ќе продолжи да Ве изненадува. Не е лесно да се носи титулата “омилено место во градот”, не се ни сомневаме дека ќе ја оправдаат во целост.

За авторот

Mr. M