Стил

Бруклин Бекам е пример како треба да се носи белата маичка

Напишано од Mr. N

Синот на Бекам, Бруклин е модна инспирација од кој може многу да научиме, благодарение на неговиот уникатен колеџ стил. Бруклин го промовираше Cool Teen стилот, уште пред да стане популарен и го натера поголемиот дел од светот да се облекува како него, така што стана моден хит кај мажите.

Денешниот изглед на Бруклин е многу импресивен, но и поедноставен. Стилот на синот на Бекам не се трансформираше целосно, но постојат мали промени кои го освежија неговиот изглед. Во 2017, неговата комбинација на бела маичка со chinos панталона претставуваше модна инспирација, додека сега таа е ремек-дело. Неговата предобра комбинација е надополнета со тетоважи, аксесоари, одлична фризура, како и високи црни модерни чизми.

Понекогаш треба да знаете дека вашата прва идеја е најдобра идеја која бара усовршување со текот на времето. За Бекам, тоа значи носење на сини чорапи и тетоважа од орел на неговата рака.

 

 

За авторот

Mr. N