Кариера

Brunello Cucinelli – татко на добриот изглед

Напишано од Нино

Brunello Cucinelli е еден од најдобрите италијански модни дизајнери и сопственик на ексклузивниот бренд кој го носи неговото име. Секогаш е дотеран, од глава до пети што би рекле. Висок, со цврст масонски став, претставува вистински пример за тоа како треба да изгледа еден модерен маж. Секогаш стои цврсто на нозе, со рацете во џеб, а само палците надвор, и сакото подвратено од позади, но само од едната страна, го практикува она ноншалантното кое го имаат италијаните, а за кое постои посебен збор во нивниот речник sprezzatura. Секогаш носи вратоврска со тесен чвор, кој е добро стегнат. Типично за еден италијан. Не е чудно што од обична продавница за џемпери од кашмир во 1978 година, прераснува во еден од најлуксузните брендови во светот.

Прочитајте ги неговите пет правила за секој маж кои се задолжителни.

1.Немојте да се плашите да експериментирате со вашата гардероба

“Обожавам да експериментирам со мојата гардероба. Таков ми е духот. Секогаш знам како треба да изгледам, без разлика на настанот, дали е тоа спортски или елегантен. Во последните години скоро секогаш сум облечен елегантно, но знам да ставам на мене и фармерка со патика. Една од најважните работи кога комбинирате е на вас да имате одлично сако, кое ви дава посебен допир.”

2. Учете од млади

“Генерално никогаш не барам инспирација однекого за тоа како да изгледам, но отсекогаш сум го салкал начинот на кој младите се облекуваат. Младите генерално знаат што да облечат, така да јасги пратам, и правам комбинација од сето тоа за маж кој е во 40-те или 50-те години. Пробувам да направам микс од дизајнирани парчиња со некои спортски.”

3. Секогаш носете ваш број

“Една од најважните работи е да внимавате на вашата гардеробадави биде секогаш точна. Тесното сако на пример, не дава убав изглед, знае да штрчи, да се отвора кај градите и изгледате дебело. Тоа немојте да го правите.”

4. Научете кои бои одговараат

“Секогаш сум се трудел да направам комбинација на одлично сако со фармерки или панталона. Покрај изгледот, важна е и комбинацијата на бои. Италијаните тие комбинации на бои навистина ги знаат добро.”

5. Не го заборавајте марамчето за сако

“Марамчето за сако е уште еден важен моден детал. Сако без марамче е само едно обично сако. Сите сте приметиле колку различно изгледате со марамче во џебот. Тоа е мал детал, кој прави многу!”

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)