Настани

“Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ ќе го освојува светот

Напишано од Пјер

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, ќе биде дел од годинашниот 71 Саем на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 16 до 20 октомври. Овој саем се смета за најпрестижен светски книжевен настан на годината. На Сaемот на книгата во Франкфурт, Катерина и Радован ќе ја промовираат својата книга на англиски јазик под наслов „Awakening Consciousness“, издадена од издавачката куќа Паблишер. Посетителите на саемот ќе имаат можност лично да се запознаат со авторите, и да остварат средби и соработка. Книгата „Будење на свеста“ беше објавена на почетокот на оваа година, и достигна голем интерес кај македонската публика, и до сега се продадени над 2000 книги.

Книгата „Будење на свеста“ е водич за лична и колективна преобразба. Авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. – велат Катерина и Радован.

 

За авторот

Пјер