Уличен стил

Café Racer или Scrambler – која е разликата помеѓу овие мотори (ВИДЕО)

Напишано од The Gentleman

Една од работите која многу често се поврзува со мажите е моторите, ама не било кој, туку класичните и безвременси модели. Ако сте нивен љубител и имате во план да купите, многу е важно да ја научите нивната историјата со цел да знаете повеќе за различните видови кои постојат на пазарот денеска. Од многу одамна, па се до денес, најпознати модели на класични мотори се Café Racer и Scrambler. На прв поглед тие се толку слични, но сепак има некои минимални разлики кои што ги издвојуваат овие два модела. Мажите ги сакаат класичните или безвременските мотори со причина. Ако зборувате со вистинските љубители, ќе ви кажат дека убавината не е само во брзината и возењето, убавината кај овие мотори е исто така во дизајнот, во изработката и во севкупниот број на поминати часови во гаражата за да се добие едно вистинско ремек дело кое што било популарно во минатото, но и денеска.

Поимот Café Racer потекнува од повоена Британија во 1960тите години каде што мажите ги користеле овој тип на мотори како превозно средство со цел побрзо да стигнат во популарните кафулиња каде што излегувале и се дружеле. Café Racer е мотор кој е направен за брзина и возење по урбана средина. Една од најпознатие приказни за овој тип на мотор од минатото е дека  мажите кои возеле Café Racer се собирале во познато кафуле, ја порачувале својата омилена песна се качувале на моторот правеле еден круг и морале да се вратат назад во кафулето пред да заврши таа песна.

Потеклото на Scrambler е прилично слично како кај Café Racer само разликата е што Café Racer-от го возеле по градските улици за да стигнат од едно кафуле до друго, а Scrambler моторите ги користеле за да го искористат најбрзиот пат од едната до другата дестинација, дури и ако тоа значело возење по полиња со густа трева и кал. Scrambler е мотор кој бил дизајниран за употреба на теренски патишта и секако градски улици. Исто како и кај Café Racer моделот, така и овој модел има потекло од Британија.

Следната главна причина по која се разликуваат овие два модели е во поцизијта на издувните гасови. Кај Café Racer моделите тие се наоѓаат на пониска позиција, додека кај Scrambler моделите, издувните гасови се на повисока позиција. Поради тоа што едниот бил градски мотор, а другиот бил теренски, ова е главната причина зошто позицијата на издувните гасови е различна. Кај Scrambler моделите повисоката позиција овозможува на возачот лесно да премине од асвалтиран пат во земјен пат или обратно.

За авторот

The Gentleman