Водич за патување

Целосен водич за посета на Палма Де Мајорка

Напишано од Nikola

И покрај тоа што секогаш луѓето го користат како појдовна точка која ќе ги доближи до островите составени од прекрасни плажи, главниот град на Мајорка покриен со сонце претставува софистицирана локација која вреди да се посети.

Со прекрасен поглед на Медитеријанот, карактеристичната мрежа на средновековни улици, елегантни булевари и прекрасни галерии, бистро и барови, ова место може многу да понуди, доколку планирате да одите на подолг викенд. Со сликава што ви ја преставивме за ова островско богатство, верувам дека ќе сакате да ги прочитате нашите совети за тоа како да уживате во Палма како локален граѓанин.

Каде да одите на бранч?

“Ла Молиенда е дел од новиот бран на стилски релаксирани кафулиња во градот, со акцент на квалитетни кафиња и храна направена свежо за нарачка, што го прави ова место добро за читање на новини, додека уживате во бранчот”.

Што да посетите?

“Палма е едно од најпосетуваните места, главно поради прекрасните катедрали, и содржи чудесна локација сместена над самото море. Локално позната како Ла Сеу, оваа катедрала е интересно насликана од страна на Микел Барсело, најпознатиот жив современ уметник во Шпанија, кој потекнува од Феланикс, Мајорка “.

Каде да одите на шопинг?

“Rialto Living мора да биде една од најубаво дизајнираните продавници кои некогаш ги имате видено, создадена во просториите на стариот музеј Риалто. Може да купите се, од стилски лаптоп , па се до пар чевли, зимска јакна, книги за внатрешен дизајн, должина на ткаенина или букет цвеќе. Можете исто така да направите кафе пауза во познатиот кафич. ”

Каде да одите на вечерa?

Сепак, едно од најубавите места за јадење е Ел Камино, срцето на Палма. Преставува бар без резервации со Медитеријански чинии, вкусни локални вина и позитивна публика.

 

 

За авторот

Nikola