Храна

Cooking with Branko со уникатен хуманитарен предизвик

Напишано од Mr. M

Има моменти кога човек треба да им врати на општеството и заедницата. Ентузијастот за готвење, Cooking with Branko, одлучи да се предизвика себеси и другите со една хумана цел. На уникатен начин и “предизвик“ ги поттикнува и повикува сите кои што се во можност, да нахранат од 3 до 5 лица за 100 денари.

Cooking with Branko (Бранко Попоски) веќе една година работи на својот проект и блогирање. Тој нашето општество го нарекува „кујната на милион и еден вкус“ и сака секој да го почувствува тоа. Ова не му е прв хуман проект и со сигурност нема да му е последен.

Од понеделник, 1-ви јули, до 20-ти јули, Cooking with Branko ги предизвика Александра Јанева, Димитар Атанасовски, Сања Савеска, Јана Серафимова, Eye Cue, Сара Мејс, Ване Маркоски, Тина Мицковска, Николина Славковска, Влатко Чаловски, екипата на Утринска на Телма, Елена Стефановска, Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова, Коста Петров, Валентин Петрески, Ивана Торес и Снеже Велков да бидат дел од хуманиот предизвик и да одговорат со 3 до 5 зготвени оброци, кои ќе бидат донирани за семејствата од социјален ризик преку Ретвитни Оброк и здружението Љубезност. Воедно, секој може да им се приклучи и помогне. За повеќе детали за предизвикот секој може да ги посети официјалните профили на Cooking with Branko на социјалните медиуми и да дознае нешто повеќе:

https://www.facebook.com/cookingwithbranko/ и https://www.instagram.com/cookingwithbranko/?hl=en

Први кои што го прифатија предизвикот беа утринците на Телма, Марко и Цеце, кои што заедно со Cooking with Branko приготвија три оброци.

По завршувањето на предизвикот, Cooking with Branko заедно со целиот тим на учесници ќе организираат голем настан на кој што ќе ги претстават своите кулинарски способности и ќе приготват повеќе од 50 оброци кои ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства во нашата земја.

„Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност. Хуманоста ја отсликува големината на еден човек, таа е доблест и најчовечка особина која треба да ја поседува секој поединец.“, порачува Бранко Попоски, т.е. Cooking with Branko.

Тој ги повикува сите да се вклучат и да бидат дел од светот на хуманостa и подобро утре. За него, месец јули е месец на хуманоста.

Видео: https://youtu.be/GtOVHRAblus

За авторот

Mr. M