Автомобили

Да ве запознаеме со најновото BMW 7

Напишано од martin

BMW ја претстави најновата серија 7, која се разликува од своите претходници по поголемата предна маска.

Новата серија на BMW 7 е подолга за 22 милиметри од претходниците.

Овој модел го доби и 4,4-литарски V8 од серија 8 со 530 коњски сили и 750 њутнметри вртежен момент, а тука е и плагин хибридот 745е кој комбинира шестцилиндерски бензинец и електромотор за вкупна сила од 394 коњски сили и 600 њутнметри со радиус на движење само на струја меѓу 54 и 58 километри.

Врвот на понудата и понатаму ќе биде моделот погонуван од 6,6-литарскиот V12 со 585 коњски сили и вртежен момент од 850 њутнметри, со кој „седумката“ забрзува до 100 км/ч за помалку од 4 секунди со максимална брзина од 305 км/ч која не е електронски ограничена.

Додека за оние кои сакаат дизел, 3,0-литарскиот шестцилиндерски мотор со 265 коњски сили и 620 њутнметри, како и битурбо верзијата на истиот мотор со 320 коњски сили и 60 њутнметри повеќе, но и верзија со четири турбини која дава 400 коњски сили и 768 њутнметри.

За авторот

martin