Технологија

Дали Apple ќе започне со производство на своја iPhone Pro серија?

Напишано од Mr. N

Секојдневните гласини за новите модели на iPhone продолжуваат да циркулираат, така што последната изјава потврдува дека компанија Apple ќе произведе 5 нови iPhone модели оваа година.

Според реномираниот Јапонски блог за Apple, Macotakara, компанијата подготвува нови 6.1  и 6.5 инчни модели на iPhone кои ќе се појават на пазарот заедно со надградбите на iPhone XR, XS и XS Max.

Извори од Кинескиот синџир за снабдување на информации за Apple тврдат дека новите модели ќе содржат OLED екран со потенко стакло, камера со три леќи и поголеми сензори, како и обратно безжично полнење.

Овие iPhone Pro модели ќе можат да се поврзат со новите AirPods, како и останатите Qi безжични уреди за полнење.

 

За авторот

Mr. N