Економија

Дали е опасно тоа што роботите ги заменуваат луѓето?

Напишано од Mr. M

Според еден од најпознатите американски весници, Њујорк Тајмс, се поголем број од печатените медиуми користат роботи наместо, вистински новинари. Роботите нема да бараат покачување на платата, нема да се жалат од многу работа, за разлика од новинарите.

Се поголем број на вести од економијата се направени од страна на роботи-новинари. Овие роботи користат ситеми кои можат на најбрз можен рок да објават пад на цените или приход на познатите компании.

Таков е случајот во агенцијата за економски вести Блумберг. Преку роботите тие секогаш се чекор пред конкуренцијата, но тука се поставува прашањето, дали тоа е лошо за новинарите. Сепак, според нив, овие роботи не се закана за новинарите, бидејќи на овој начин, тие ќе имале повеќе можност да се занимаваат со пишување на коментари, анализи и репортажи.

За авторот

Mr. M