Љубов

Дали е паметно да пиете со вашата поубава половина?

Напишано од The Gentleman

Се разбира дека повеќето луѓе, вклучувајќи ги и паровите се среќни кога пијат заедно. Но, тоа не значи дека се весели само за време на пиење, или пак секојдневно, бидејќи го сметаат алкохолот како позитивна, здрава активност.

Дали пијат заедно или одделно? Со пријатели или пак сами? А што пак кога јадат пица за доручек после тешка несоница?

Исто така, многу мислат дека зависи и до видот на пијалок? Голем број на луѓе можат да потврдат дека различните видови на пијалоци можат да имаат различни ефекти врз вашето расположение.

За да се дојде до правиот одговор, весникот ” Journals of Gerontology ” ја открива корелацијата меѓу стилот на живеење и брачниот однос, особено кај постарите парови. Во суштина, ако сопругот и сопругата пијат умерено, и двајцата се среќни. Доколку пак сопругата пие сама, таа е помалку среќна. Исто така, важен фактор претставува количината на консумиран алкохол. Подобро е да испиете еден пијалок заедно како пар, отколку да претерате со консумација. Сепак, квантитетот е од голема важност во овој сектор, бидејќи преголемото консумирање на алкохол не е добро за никого и алкохолот треба да се консумира одговорно. Затоа, наш предлог е да пиете одговорно со цел да го задржите подолго брачниот однос.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman