Пијалоци

Дали е поздраво да пиете кафе или пак чај?

Напишано од Mr. N

Кафето и чајот се помеѓу најпопуларните пијалаци во светот. Постојат разни мислења за калоричната вредност на овие пијалаци, но според американските експерти, тие се речиси без калории. Но, проблемот е во додатоците – млеко, шеќер, а често и шлаг.

Иако и кафето и чајот содржат кофеин, кафето го има во многу поголема количина во една шолја. Шолја кафе содржи 100-150 mg кофеин, додека шолја чај содржи околу 26 mg.

И кафето и чајот имаат бројни здравствени придобивки.

Има докази од Јапонија дека чајот може да ги намали шансите за смрт од било која причина( 23% помалку кај жените и 12% помалку кај мажите). Корисен е и против срцеви заболувања( 31% помалку кај жени и 22% помалку кај мажите). Резултатите биле прилично очигледни за случаеви од срцев удар( 42% помалку кај жените и 35% помалку кај мажите).

Кај нив се можни превентивни средства против дијабетес тип 2, иако кафето има поголем ефект. Истражувањата покажуваат дека тие кои пијат кафе редовно имаат 25-50% помал ризик од оваа болест.

 

 

 

За авторот

Mr. N