Нега и одржување

Дали конзумирањето на алхохол кај мажите влијае на здравјето на децата?

Напишано од Mr. M

Според едно истражување кое е направено, увидена е поврзаност на одредени срцеви болести кај новородените деца и конзумирање на алхохол кај нивните татковци во периодот пред да се создаде бебето. Додека кај жените е кристално јасно дека не треба да конзумираат алхохол од моментот кога ќе дознаат дека се трудни, сега се појавија и нови резултати кои укажуваат на тоа дека и мажите кои конзумираат алхохол може да имаат негативно влијание врз децата.

Кај оние мажи кои конзумирале пет или повеќе пијачки на ден, можноста за болест била до 52 %. Оние мажи кои три месеца пред да затрудни нивната сопруга конзумирале алхохол имале поголеми шанси да очекуваат некоја аномалија или болест на нивното новороденче.

Според ова може да заклучиме дека ако сакате да имате здрави деца, најдобро би било да намалите или да прекинете да конзумирате алхохол барем во перидот кога сакате да направите дете.

За авторот

Mr. M