+18

Дали мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата?

Напишано од Mr. M

Ако следниот пат кога вашата сопруга или девојка ви кажат нешто не е во ред, покажете им го овој текст и продолжете да го правите затоа што всушност го правите тоа за свое здравје. Ракот на простата е најчестиот карцином што влијае на машката популација по рак на белите дробови. Сепак, научно е докажано дека честата мастурбација не е штетна и може, со непобитно пријатно чувство, да ја заштити простатата од карцином.

Неколку студии во САД и Австралија покажаа дека ејакулацијата за време на секс, мастурбација или спиење може да го намали ризикот од рак на простата. Една 18-годишна студија на 32.000 мажи открила дека оние кои ејакулираат повеќе имаат помала веројатност да добијат карцином на простата. Во групата испитаници со најчеста ејакулација (околу 21 пати месечно), ризикот од развој на карцином е намален за една третина во споредба со мажите кои ејакулираат само седум пати месечно.

Уште подобри вести се однесуваат на оние што влегоа во петтата деценија. Честата ејакулација го намалува ракот на простатата за 22 %. Ова не е прва студија за потврда на придобивките од машкиот оргазам. Една студија во Австралија открила дека оние кои работеле помеѓу 4,6 и седум пати имале 36 % помалку шанси да заболат од карцином на простата пред 70-годишна возраст.

Иако врската помеѓу ејакулацијата и ризикот од карцином на простата е повеќе или помалку потврдена, истражувачите сè уште не знаат зошто тие се поврзани. Се верува дека ејакулацијата всушност ги „испушта“ хемикалиите кои предизвикуваат рак и го спречува формирањето на малигни клетки.

За авторот

Mr. M