Уличен стил

Дали мажите смеат да носат дуксер на прв дејт?

Напишано од The Gentleman

Прашањето не е баш едноставно, но е доста во мода. Се консултиравме помеѓу нашата екипа, и едвај се сложивме дека може. Може да носите дуксер, но мора да следите неколку правила. Значи прашањето не е дали смеете да носите дуксер на прв дејт состанок, туку како да носите дуксерот, во која модна комбинација.

Стартуваме на кратко за тоа како да не го комбинирате дуксерот. Прво, не како Мело погоре на сликата. Не сте во сала, и не треба да изгледате премногу спортски, барем не на прв дејт на запознавање. Второ, не треба да носите долги и широки дуксери, сепак не сте Дрејк или Тупак. Ќе изгледате премногу тинејџерски и скроз несериозно. Трето, не носете дуксери со големи логоа, дури и да се од јаки луксузни брендови. Да не испадне дека се фалите за вашиот длабок џеб уште на прв дејт. Туку мислиме и на IT логоа затоа што не треба да изгледате како да сте искочени од играчница после партија Дота.

Значи, се што треба е да изгледате едноставно и со стил. Носете некоја нормална боја, тегет/црно/зелено, и во нормална димензија, да ви биде како скроено на градбата. Комбинирајте го дуксот со спортски блејзер, бомбер јакна или тексас, за да изгледате модерно во тек со најновите трендови. Фармерка е одличен избор, или во краен случај чино или карго панталони. На нозете или чизми или патики, никако нешто елегантно за да не изгледате како кловн.

Точната модна комбинација многу зависи и од локацијата на дејт состанокот. Дали сте на пијачка, во природа или во ресторан. Прилагодете се на ситуацијата и одберете ја вистинската модна комбинација. Мала помош во продожение –

За авторот

The Gentleman