Спорт Стил

Дали модниот стил на Меси конечно доби напредок?

Напишано од Пјер

Пред неколку дена, како низ медиумите во светот, така и на Инстаграм профилот на Friday.mk (задолжително заследувајте), главна тема беше стилот на Меси пред натпреварот со Тотенхем во Лондон. Неколку фотки од Меси и екипата од аеродромот во Барселона, го преплавија интернетот, а има и зошто. Барса и Thom Browne ќе имаат добра модна соработка.

Тие беа скоцкани од глава до пети. Во сиво троделно одело, со стилски скратени панталони, модерни чевли, и гол глужд. Сите потребни моменти за добар моден впечаток. Една од ретките прилики каде Меси изгледал како од фотосесија за GQ.

Ние бевме задоволни, и решивме да ја пратиме сликата на Instagram story, каде нашите супер фанови гласаа за неговиот стил – дали има напредок во модата кај Меси. Резултатот беше во корист на НЕ, 2 према 1.

Резултатот иако изгледа лошо за стилот на Меси, сепак доколку прочешлате низ историјата на неговиот стајлинг, ќе видите дека ова е многу подобро од минатото, каде резултато на анкетата би бил 100-0 накај НЕ. Проверете во продолжение зошто мислиме така –

За авторот

Пјер