Спортски вести

Дали Нејмар е спремен да ги разочара и фановите на Барса и да замине во Реал?

Напишано од Mr. M

Барселона веќе со месеци се труди да направи се што е можно да го врати во своите редови бразилецот Нејмар и како што се збори низ светските медиуми, Нејмар треба повторно да се сретне со менаџментот на Барселона.

Според она што можвме да го прочитаме, претседателот на Барса, Бартомеу дал зелено светло за клубот да го врати Нејмар. Изгледа после се дефинитивно Нејмар ќе се врати во Шпанија, но има и од оние кои веруваат дека Нејмар може да го облече дресот и на Реал Мадрид.

Најголем иницијатор за Нејмар да се врати во Барса е Лионел Меси и според весникот Марка, тој е клучниот играч кој најмногу се вложил за да се реализира овој трансфер, за Нејмар да не замине во Реал.

Сега се поставува прашањето дали Нејмар е спремен да си го уништи своето реноме и да замине во Реал Мадрид?

За авторот

Mr. M