Креатива Спорт

Дали New York Knicks може да ја врати својата популарност во светот на НБА лигата?

Напишано од Пјер

 

Дали знаете дека тим со најголема вредност во НБА се лузерите New York Knicks.

Иако важат за еден од најлошите тимови во НБА, иако имаат втор најлош скор во последните 10тина години во оваа лига, и се водени од најконтроверзниот Џејмс Долан, оваа НБА франшиза поради нивната местоположба во Њујорк сеуште стои на првото место по пазарна вредност. Во последната анализа на Forbes, GSW и LA се блиску до тронот, но сеуште се на втора и трета позиција на листата.

Оваа година ќе има промени во организацијата на тимот, каде New York Knicks веќе ја имаат договорено познатата агенција Translation за да го подобри брендингот на екипата, како за нивните фанови така и кон играчите во лигата. Резултатите кога тогаш ќе дојдат, но тие за да дојдат, оваа франшиза мора да има подобар брендинг и ПР; и да привлече добри играчи од НБА лигата (а не истите да одат во комшии како што ова лето направи Кевин Дурант).

Оваа позната агенција е во сопственост на Steve Stoute, кој и самиот е назначен како special adviser на NYK. Неговото име се поврзува со многу успеси во музичката индустрија, NBA, NFL, Nike, па и со последниот успех на комшискиот тим на Brooklyn Nets. Неговата задача е да го подобри брендингот, да ја врати популарноста кај навивачите и играчите, да направи соработки со познатите брендови (го споменува дуото Торонто и Дрејк, како успешен пример), и да креира една освежена организација која ќе биде пример во Њујорк.

Според него мора да се работи и на еден друг начин кој предходно успеал во GSW, каде овој тим станал омилена дестинација на играчите поради достапноста до силиконската долина каде НБА играчите може да ги инвестираат своите пари во големите иновациски стартапи. Епа Њујорк важи за главен град во светот, па оваа тактика ќе мора да се спроведе и во New York Knicks.

Слушнете повеќе на оваа тема во неговото гостување во суперинтересната емисија First Take.

За авторот

Пјер