Водич за патување

Дали патниците се повеќе се враќаат на туристичките агенции?

Напишано од Mr. M

Последните неколку години, тренд во патувањето беше сами да си ги организираме одморите и сами да си букираме хотели, апартмани и карти. Тоа е популарна опција, но во последниот период како да се менуваат работите.

Познатите сајтови како што се Booking и Airbnb сфатиле дека се многу популарни па почнале да ја зголемуваат провизијата, а со тоа и цените на хотелите и амартманите стануваат се поголеми. Со зголемувањето на побарувачката се појавиле и голем број на сместувања кои не се биле веродостојни и не се вклопуваат во очекувањата на луѓето како на прв поглед кога ќе ги видат.

Ова се причините поради кои патниците повторно се враќаат во туристичките агенции и тоа кај оние кои гарантираат сигурност и квалитет.

Туристичките агенции кај нас веќе години наназад се мета на медиумите пред се поради негативниот начин на работа и поради лошото искуство на патниците. Колку е тоа лошо, толку е и добро поради фактот дека туристичките агенции се свесни за медиумските бомбардирања и затоа се повеќе почнуваат да се трудат да ги намалат грешките и да понудат кваитетна услуга.

За авторот

Mr. M