Автомобили

Дали се ближи крајот на малите автомобили?

Напишано од Mr. N

Трендот на намалување на побарувачката кај малите автомобили е особено забележителен во Европа, каде што во 2017 година учествувал со осум проценти од вкупниот удел на пазарот. Меѓутоа, производителите се потешко профитираат од продажбата на мали автомобили, главно поради се построгите правила за емисии и побарувачката за технологија во возилото.

Според Volkswagen и PSA групата, заработувачката во овој сегмент која веќе е на минимално ниво не дозволува тие и понатаму да ги произведуваат своите најевтини модели, заради што размислуваат за нивно гаснење. Дополнителен отежнувачки симптом е и намалената побарувачка, заради што прашање е дали светот ќе ги види наследниците на Volkswagen Up!, Peugeot 108 и Citroen C1.

Сегментот на малите автомобили би можел да остане без својот главен адут – пристапноста, а најавата на некои „стручњаци“ е дека електрификацијата би можела да ја препороди оваа класа, ја демантираа од VW, со образложение дека ниту тоа не е исплатливо.

 

За авторот

Mr. N