Психологија

Дали социјалните медиуми ја зголемуваат депресијата?

Напишано од The Gentleman

Фејсбук размслува да ја отстрани бројката на лајкови под секој пост со цел да го заштити менталното здравје на корисниците. Дали ова би било направено од други причини не сме сигурни. Така Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук започна да ги “крие” лајковите во повеќе држави во јули годинава.

Ова беше пропратено со јавни признанија, многу публицитет како и неколку вознемирени инфлуенсери. Фејсбук размислува да го стори истото, наводно за да ги заштите корисниците од зависноста и да ги одврати од самоцензура.

Како ова би функционирало?

Па, како и на Инстаграм, кога ќе поставите статус или слика, Фејсбук ќе покаже само неколку имиња од заеднички пријатели наместо вкупниот број луѓе што стиснале Like. Овој потег можеби и не е толку алтруистички како што изгледа. Фејсбук постепено стана место за споделување на важни настани, како животни настани, промени, достигнувања и престана да биде мрежа на која што секојдневно нешто се споделува, како што се Инстаграм и Снепчет.

Овој потег можеби е само да се врати популарноста и секако не би влегол како дефинитивна примена доколку штети на рекламите.

За авторот

The Gentleman