Психологија

Дали сте чувствувате преморени од работа?

Напишано од The Gentleman

Бидејќи денес живееме во свет кој е полн со стресни ситуации доволни се само пет работни денови за да дојде до пад на концентрацијата и нарушено здравје. Во продолжение на статијата прочитајте кои се знаците дека вашето тело и вашиот мозок се презаситени од работа и дека треба малку да забавите…

1. Сте станале летаргични и уморни. Не спиете доволно и не се храните правилно. Ова е знак дека се туркате себе си преку границите.

2. Повеќе не уживате во својата работа и работите само затоа што ви се потребни пари. Повеќе не ве прават среќни ситниците како порано.

3. Најлошиот можен облик на презаситеност од работа е депресијата и моментот кога не гледате иднина, повеќето мисли ви се негативни и не гледате излез од ситуација во која моментално се наоѓате.

4. Толку многу имате работни обврски што воопшто немате време за приватен живот, и речиси не се сеќавате што е тоа сексуален живот.

5. Вашиот социјален живот е сведен на минимум, бидејќи немате време да излезете со старото друштво. Дури и кога немате многу работа вие сте уморни и депресивни и не сакате да излезете со друштвото.

За авторот

The Gentleman