Стил

Дали стилот на облекување влијае на вашите мисли?

Напишано од Mr. N

Истражувачи од факултетите во Колумбија и Калифорнија објавија студии во кои се анализира на кој начин облеката може да влијае на апстрактните и конкретните мисли. Резултатите потврдија дека формалниот стил на облекување ги ослободува луѓето од конкретните мисли, концентрирајќи ги повеќе на апстрактниот свет.

Студијата објаснува дека апстрактното мислење ја олеснува потрагата за долгорочни цели повеќе, отколку за краткорочни, додека конкретното мислење го потврдува спротивното.

Студентите кои применуваат формален стил на облекување, без проблем оствариле подобри резултати во апстрактното мислење во однос на нивното конкретно мислење, а главната причина за тоа е чувството на моќ.

Со други зборови, формално облечените студенти се сметаат за помоќни, што им овозможува да размислуваат апстрактно.

 

За авторот

Mr. N