Кариера

Дали талентите ја напуштаат вашата компанија?

Напишано од Пјер

Ви заминуваат ли талентите од компанијата? Преминуваат ли вашите најдобри вработени во конкурентските компании? Постојат начини на тоа да му ставите крај. Првиот чекор, сепак, е разбирање на проблемот.

Дали сакаат поголема флексибилност, повеќе време за приватниот живот? Дали се под стрес, незадоволни, непродуктивни?

Ви претставуваме три совети кои ќе ви помогнат да го спречите овој проблем…

Разбирање на проблемот

За нешто да спречите, најпрвин морате да сфатите како дошло до тоа. Луѓето не ги напуштаат компаниите – го напуштаат лошиот менаџмент, лошата работна атмосфера, ниските плати или неможноста за напредување. Тие се во потрага по подобри прилики и пофлексибилни услови кои ќе им овозможат успешен баланс меѓу приватниот и деловниот живот. Доколку го сфатите темелно проблемот, ќе дојдете до решение и ќе ги задржите талентираните работници.

Охрабрете го вработените да предложат нови работници

Доколку ве напуштат најуспешните вработени, со нив заминува и нивната мрежа на контакти од која би можеле потенцијално да црпите нова работна сила. Исто така, помала е веројатноста дека, доколку побегнат од компанијата, ќе кажат по некој добар збор за вашата компанија. Охрабрете ги вашите вработени да го градат брендот на вашата компанија.

Зајакнете ја корпоративната култура

Ако забележите дека вработените заминуваат, можеби е време да ја промените корпоративната култура. Најавете ја својата желба пред вработените и замолете ги да дадат предлози. Тоа ќе го зголеми моралот и ќе ги задржи оние кои се желни за промени.

За авторот

Пјер