Љубов Мажот во очите на жената

Дали вашата девојка ви го освоила станот?

Напишано од Mr. N

Уживате со вашата девојка, но се нервирате дека дома се ви преуредила со нејзини идеи и се осеќате како туѓинец во вашиот дом? Не сте први ни последни….

Можеби она стварно ужива во уредување на просторот, а вашиот простор го гледа како поле за креативност? Или можеби мисли дека имате лош вкус???

Да знаете дека е возможно да сакате некого но да не сте фанови на нивниот вкус. Најдобро е да објасните дека вашиот дом треба да ве отсликува како пар, а не како индивидуи. Но спремете се за мали промени во вашиот вкус, за да не нагазите на мина.

Ако купувате нов мебел и она сама истражува три дена, без вие да се понудите да помогнете, тогаш не се чудете ако вашиот стан секој ден добива нов лик. Затоа нудете мислење при секоја промена, бидете искрени дека сакате нешто ваше, и секако променете го вашиот вкус доколку стварно треба да се поработи на него…

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. N