Мода

Дали знаете дека белите маички се секогаш во мода?

Напишано од Mr. N

Знаеме дека сме далеку од летото, периодот на прашања поврзани со маици, но сепак белите маички заслужуваат внимание низ целата година. Значи, дали белата маичка е добар моден избор, или грешка во чекори?

Прво што треба да направите, е да ја облечете вашата омилена бела маичка, и да застанете пред огледало. Изгледате фраерски како Брус Спрингстин или Стив МекВин, или не?

Ставот е само еден дел од решението, се друго е до кројката на маичката. Ако го има правиот крој, направена од памук и удобна, самата маичка ја крева вашата самодоверба. А кога верувате во неа, и во себе, истата може да ја комбинирате дури и така сама под сако на некоја од новогодишните забави. Баш  фраерски!

Еден совет – гледајте почетокот на ракавите да е баш каде што се среќаваат рамото и раката, ивицата да биде некој сантиметар под каишот, и таа слободно да паѓа на вашето торзо а не да ве стиска и гмечи.

За крај, купете си една Friday маичка во бел дизајн по багатела цени (само 400 денари, проверете најдоле на Инстаграм линкот и заследете) затоа што нема уште многу достапни за шопинг.

За авторот

Mr. N