Серии

Дали знаете дека “Fake News” Велешаните ќе добијат своја серија?

Напишано од Mr. N

Quibi најави нова серија на тема fake news, поврзана со Американските избори во 2016 година, каде една тема (ако не и најглавна) беа и нашите комшии од Велес. Американските медиуми и Фејсбук лоцираа група која работи на fake news за време на овие избори од еден мал град во Македонија – Велес.

Кратката серија можно е да има наслов “Clickbait”, и истата во целост ќе ја опфати приказната за групата од Велес која се збогати со креирање лажни вести во полза на Трамп.

Главниот актер од “Dunkirk” и “Black Mirror: Bandersnatch” – Fionn Whitehead, ќе биде главна улога на серијата со актерско име Нико (веројатно нагалено од нашето Никола).

Ова е прв пат некоја позната серија да се снима според вистинска приказна од нашето поднебје. Колку и таа да е негативна и лоша за репутацијата на Македонија, сепак ние со нетрпение ќе ја очекуваме.

Дали ќе биде Нетфликс, ХБО или Амазон, ќе дознаеме наскоро…

 

За авторот

Mr. N