Економија

Дали знаете дека Словачка за прв пат има свој претставник на Форбс листата?

Напишано од Nikola

За прв пат во својата историја, Словачка има свој претставник на листата на милијардери на Форбс …

Станува збор за 44 годишниот Иван Чренко, мнозинскиот сопственик на компанија за недвижнини, Х.Б. Реавис. Неговото богатство беше проценето на околу 1,1 милијарда долари, што го стави на 1,795 место на листата на најбогати луѓе во светот.

Иако господинот Чренко претставува еден од најбогатите Словачки личности, тој ниеднаш се нема појавено на социјалните медиуми, додека одржувањето на својата приватност е на максимално ниво. Дури и неговиот профил на веб-страницата на Форбс не содржи негова фотографија.

Минатата година, во една од најголемите транскации за недвижнина, Х.Б Реавис го продаде својот готов проект по цена од 400 милиони долари,а додека во Варшава (Полска), тој гради една од најголемите изградби во Европа.

Ниту на интернет или пак во новините нема да пронајдете интервју со овој господин, а како ние дознавме за него е преку две фотографии на кои што можевме да го видиме.

 

За авторот

Nikola