Омилени места

Дали знаете каде се наоѓа најдобрата и најголема игротека во Македонија?

Напишано од Пјер

Пред само два дена Скопје и Македонија го добија првиот Retail Park. Се отвори Point Retail Park. Во него можете да уживате во шопинг кај 22 брендови. Да уживате во првиот Drive Thru KFC а и за најмалите има навистина добра забава.

Тука се наоѓа и најголемата игротека во Македонија – Infinity Play.

Се простира на 1500 м2 и има навистина огромен број на реквизити за деца за сите возрасти. Има простор за мал фудбал.

Ја има најголемата трамболина. Има простор за возење на мали велосипеди.

И има дел за играње со вистински песок, каде децата уживаат во правење на фигури о песок и што уште не.

Погледнете ја галеријата од најголемата игротека во Македонија – Infinity Play во Point Retail Park

 

За авторот

Пјер