Омилени места

Дали знаете кои се најуспешни ресторани во Македонија?

Напишано од Mr. N

Кога познати готвачи и познавачи на добрата храна повторно се враќаат на едно исто место и тоа поради врвниот квалитет на храната, пристапните цени на оброците приготвени на едноставен традиционален начин, тоа значи дека станува збор за еден од најдобрите европски ресторани.

Во главниот град се лоцирани најуспешните ресторани во земјава. Признанијата за најдобри ресторани отидоа кај:

  • Пелистер
  • Македонско село
  • Four

Во овие ресторани се чуствува духот на македоснката традиција, преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот што го прави вистински амбасадори на македонската култура и традиција.

Нудат топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот.

Атмосферата се подгрева во вечерните часови кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите. Тогаш за љубителите на добрата музика и храна, почнува вистинската забава.

 

За авторот

Mr. N